Во грчкиот документ издаден на македонски научник на граница стои дека тој е непожелен за влез во земјата и дека неговото име се наоѓа во националниот регистар на непожелни лица.
За овие лица иако кај историчарот не е штиклирано најчесто претставуваат опасност за грчката внатрешна безбедност и јавното здравје.
Пред неколку дена врз основа на грчките закони за безбедност грчките гранични служби не дозволиле влез на македонски историчар Димитар Љоровски Вамвакоски, претседател на друштвото на историчарите на Македонија, бил спречен да влезе во Грција без да му се каже што и кога згрешил.
Првиот човек на најстарото здружение од ваков тип кој е професор во Институтот за национална историја (ИНИ) не добил објаснување за причините поради кои е одбиен да влезе во Грција.
За Љоровски – Вамваковски ова е втора забрана, првата која завршила пред десетина дена ја добил пред неколку години.
Сега тој не знае кој грчки закон го прекршил ниту која процедура може да ја искористи за да му биде симната забраната за влез.
Десетици македонски граѓани се на црната листа на Грција но за разлика од криминалците кои се фатени за кривични дела Љоровски не знае што згрешил.
Пристапот на грчката држава кон Македонците на црната листа не се промени ни по потпишувањето на договорот од Преспа.
Извор: Експрес
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст