Американскиот Стејт департмент директно се вклучува во решавање на проблемот околу реферeндумот во Македонија. Телевизија Алфа ексклузивно дознава дека в среда во посета на земјава доаѓа Метју Палмер, висок претставник на американскиот министерство за надворешни работи, кој се очекува да помогне при изнаоѓање решение за политичката криза околу референдумот за Преспанскиот договор. Веста за доаѓањето на Палмер за Алфа ТВ ја потврдуваат дипломатски кругови во Скопје. Изворите на Алфа ТВ велат дека посетата на Палмер е дел од дипломатскиот напор во кој западните партнери на Македонија бараат начин да се намали можноста за бојкот на референдумот кој станува се поизвесен. Едно од прашањата кои што ќе се разгледуваат со американскиот „тешкаш“ е варијантата во која Владата би предложила ново референдумско прашање, различно од тоа што го предложи и изгласа владејачката коалиција.
Синоќа македонското Собрание без согласност од опозицијата и во отсуство на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ го изгласа референдумот кој ќе се одржи на 30 септември, а на истиот граѓаните ќе треба да се изјаснат за прашањето: „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“. Според ВМРО-ДПМНЕ, референдумското прашање е непрецизно, повеќезначно и манипулативно а со тоа што е консултативен, наместо обврзувачки, се отвора можност резултатот од референдумот да се толкува како што се сака. За прашањето и карактерот на референдумот, власта и опозицијата не успеаја да постигнат договор во изминатиот период на лидерските средби и на парламентарно ниво.
Инаку Метју Палмер е искусен дипломат професионалец во американскиот Стејт Департмент кој моментално е Директор на Канцеларијата за Југоисточна Европа и одговорен за интеграција на кандидатите за членство во НАТО и ЕУ. Бил близок соработник на екс американската државна секретарка Медлин Олбрајт а го советувал и претседателот Џорџ Буш помладиот.
ИЗвор: ТВ Алфа
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


