| четврток, 6 декември 2018 |

Четири збунувачки знаци што покажуваат дека му се допаѓате

Знаците што издаваат дека им се допаѓате честопати се многу збунувачки и тешко е да се препознаат. Затоа, во продолжение ви ги откриваме најмалку очигледните начини на кои момците покажуваат дека се заинтересирани за вас. Ова ќе ви помогне да ги препознаете знаците на време и да можете да одговорите на нив…

1. Станува сериозен кога сте во негова близина
Во друштвото е познат како духовит дечко кој никогаш не молчи, но кога вие сте во близина, станува мирен како бубачка. Ова е очигледен знак дека е заинтересиран за вас и за вашето мислење, па не сака да ви остави лош впечаток.

2. Ги почитува вашите правила
Сте се договориле да се чуете дури по неколку дена и тој почекал и ви се јавил во точно договореното време. Верувале или не, тоа е еден од знаците дека навистина му се допаѓате. Тој не сака да го прекрши вашиот договор, па затоа трпеливо чека за да ви се јави.

3. Постојано се фали

Иронично, но еден од најчестите знаци дека му се допаѓате на некој дечко е кога пред вас се однесува како да се сака себеси најмногу на светот. Ова е исто така многу незрело, но и прилично очигледно.

4. Одбегнува телесен контакт
Ако никогаш не ве допира или прегрнува, а со другите пријателки често го прави тоа, можно е да одбегнува физички контакт бидејќи кон вас чувствува нешто повеќе од пријателство, па таквите допири му создаваат непријатност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top