| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ: Прашањето е иднина или изолација, Мицкоски јавно да каже за што е

Христијан Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ остануваат изолирани во антидржавното однесување преку кое по секоја цена се обидуваат да ја закочат македонската иднина – реагираат од СДСМ. Според нив со решавањето на македонско-грчкиот спор се отвораат вратите за влез во НАТО и почеток на преговорите со ЕУ.

-Конечниот Договор со Грција е за да може Македонија да стане дел од ЕУ и НАТО и затоа реферндумското прашање е јасно и е едно и единствено.

Прашањето на референдумот е јасно – иднина или изолација и доколку Христијан Мицкоски има малку одговорност и сериозност, јавно ќе излезе и ќе каже за која опција навистина е.

Очигледно е, обединети се сите политички партии кои навистина се за ЕУ и НАТО, а само Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ се изолирани и се против интергација. Се обедниија сите кои се за напредок на Македонија, освен Мицкоски кој сака изолација, назадување и неизвесност. Сите политички чинители кои се за македонската иднина се одлучни и обединети, освен Мицкоски и тесното партиско раководство на ВМРО-ДПМНЕ кои сакаат назад во темното минато на криминал, насилство и неказнивост.

Без разлика на антидржавното и неодговорно однесување на ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните на Македонија ќе ја искористат историската шанса за напредок. Ќе ја реализираат директната можност да бидеме рамо до рамо со големите сили, како Македонци со нашиот македонски јазик и идентитет, загарантирани и потврдени со конкретни членови во договорот од Преспа.

Никој нема да ја закочи македонската иднина. Македонците и граѓаните на Македонија ќе одлучат дека со нашиот македонски идентитет ќе станеме членка на НАТО и ЕУ и ќе го реализираме договорот со Грција – коментираат од владејачката партија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top