| четврток, 6 декември 2018 |

Претепаното бебе преживеа и операција на мозокот

Медицинските вештачења и ДНК анализите од домот во кое живеело 14 месечното девојче кое беше брутално претепано, се готови. Но, што откриваат трагите од крвта на ѕидот и облеката засега останува непознато. Обвинителството допрва ќе ги анализира извештаите од извршените вештачења.

„Според информација од Министерството за внатрешни работи, постапено е по наредбата на обвинителство и извршени се побараните вештачење за утврдување битни факти во предметот, за ДНК и друг вид анализи на траги. “ – велат од ОЈО.

Обвинителството го очекува пристигнувањето на Извештаите по што ќе следи нивна анализа.

Додека истражните органи се уште трагаат по насилникот, 14 месечното девојче и натаму е на одделот за интензивна нега на клиниката за детска хиругија. Направена и е операција на мозокот. Во моментов се храни преку сонда. Полека почнува да реагира и да ја распознава околината, велат лекарите од клиниката. Се уште е неизвесно дали ќе може да гледа со едното око.

Четиранаесет месечното бебе пред околу еден месец беше донесено на КАРИЛ со тешки повреди на главата и сркшеници на нозете и рацете, дехидрирано и неухрането.

Мајката на девојчето која го донела во болница е згрижена во шелтер центар. Државата и го одзеде старателството. За бебето сега се грижат социјални работници како и медицинскиот персонал каде е хоспирализирано.

Извор: 24 вести

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top