| четврток, 6 декември 2018 |

Пандов: Со референдумот на Заев му била отворена вратата, а со бојкот ќе му ја доотвориме за полесно да излезе со хунтата

Аналитичарот Александар Пандов ја комнетора денешната изјава на премиерот Зоран Заев, кој на прес-конференција ја го повика народот да излезе на референдум.

„Заев обраќајки се на секој што бил храбар, ВМРО, патриот, што ќе рече на секој Македонец, вели со референдумот “вратата била отворена”. Знаеме Зоки и без да ни кажеш дека е, ние само со БОЈКОТ ќе ти ја доотвориме и прошириме, за да ти и твојата хунта можете низ Голема врата ги напуштите институците кои ги запоседнавте. Така да џабе везеш. Пробај за “иновации” подели уште една 10-ка, може така ќе не измотивираш!!!“, пишува Пандов на Фејсбук.

– Сега е време за одлука. Сетете се на референдумот од 1991 година, голема одлука на голем државотворен народ, кој се определи за својата иднина, за независна држава. Тогаш покажаме дека сме народ, кој учи од историјата, народ поучен од историјата дека нема да ги повторува нејзините трауми. Секој од нас е должен да ја преземе одговорноста за својата иднина и за иднината на својата земја, порача Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top