| четврток, 6 декември 2018 |

Заев за референдумот: Вашиот глас е ваше право!

Премиерот Зоран Заев денеска ги повика граѓаните на Република Македонија да излезат на референдумот, распишан за 30 септември, нагласувајќи дека сега е моментот секој граѓанин на земјата да ја преземе одговорноста за иднината.

– Секој од нас е должен да ја преземе одговорноста за својата иднина и за иднината на својата земја. Вашиот глас е ваше право. Не дозволувате некој да го злоупотреби вашето право, рече Заев на прес-конференцијата на која беше придружуван од сите министри во Владата.

Нагласи оти граѓаните не смеат да дозволат никој да ги поколеба да илезат и да го кажат своето мислење за Договорот од Преспа и за влезот на земјата во ЕУ и НАТО и додаде дека Владата ќе го почитува исходот од демократскиот избор, без разлика на резултатот.

– Сега е време за одлука. Сетете се на референдумот од 1991 година, голема одлука на голем државотворен народ, кој се определи за својата иднина, за независна држава. Тогаш покажаме дека сме народ, кој учи од историјата, народ поучен од историјата дека нема да ги повторува нејзините трауми. Секој од нас е должен да ја преземе одговорноста за својата иднина и за иднината на својата земја, порача Заев.

Им се обрати и на како што рече сите чесни членови на ВМРО-ДПМНЕ да ја сфатат важноста на моментот и им порача дека вратата е отвотрена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top