Пратениците од денес заминуваат на годишен одмор до 20 август, информираше денеска претседателот на Парламентот, Талат Џафери на редовниот брифинг со новинарите.
Кампањата за референдумот закажан на 30 септември, според законските рокови, ќе почне на 10 септември, што значи дека по враќање од одмор, Собранието ќе работи до 7 или 8 септември.
Додека трае одморот на пратениците, Собранието нема никакви обврски, освен за итни случаи, ако има потреба.
Што се однесува до Договорот меѓу Македонија и Грција, за кој што се организира референдумот, тој ќе биде објавен во Службен весник по одржувањето на референдумот, додека Законот за јазиците ќе се објави кога ќе се процени дека е моментот за тоа, бидејќи тој не е поврзан со референдумот.
Џафери исто така информираше дека овој собраниски состав одржал 57 седници, а десетина од нив не се завршени. Дел од тие незавршени седници се за поднесени интерпелации од опозицијата за кои се очекува да бидат повлечени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст