| четврток, 6 декември 2018 |

Прво возење со автобус без возач во Виена

Во рамки на програмата „Мобилност на иднината”, поддржана од австриското Министерство за сообраќај, по тримесечни интензивни подготовки во Виена се одржа и успешно заврши првото пробно возење на два градски автобуси без возач.

– Автобусите, во присуство на оператор, ги превезоа воодушевените патници на рута од околу два километри – од станицата У-2 до Технолошкиот центар Асперн и назад.

До крајот на 2018 година автобусите ќе бидат детално испитувани, а на почетокот на следната година оваа линија ќе почне да вози секојдневно и дотогаш ќе биде позната точната рута.

На линијата ќе има фиксни станици, а возењето ќе го надгледува обучен оператор. Возењето ќе биде бесплатно.

– Самоуправувачкиот превоз е голем тренд, којшто има потенцијал да ги промени градовите и да ги направи одржливи. Како градско сообраќајно претпријатие, ќе бидеме меѓу првите во тоа – го изразил своето задоволство директорот на Виенското градско сообраќајно претпријатие „Винер линиен“, Гинтер Штајнбауер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top