| четврток, 6 декември 2018 |

Ганка Цветанова не му премолча на Хан: Прво речи Македонија!

Поранешната министерка за култура Ганка Цветанова, која е активна на Твитер, не му премолче на еврокомесарот Хан за новата практика, наместо „вашата земја“ да го користи нашето знаме за да избегне да го каже името на земјата – Република Македонија.

“Само кога ќе кажете Република Македонија, господине Хан, ќе имате кредибилитет да ги повикувате македонските граѓани на оваа земја да го остварат своето демократско право: да гласаат за, против или да го бојкотираат референдумот”, му порача Цветанова на евроамбасадорот.

Реакцијата на Самоилова дојде по твитот на Хан за референдумот

„Ги повикувам сите граѓани на 🇲🇰 да го искористат нивното демократско право да гласаат. Се работи за нивната земја и нивната иднина, порача вечерва еврокомесарот за проширување Јоханес Хан кој наместо Македонија во обраќањето го користеше знамето на земјата.

“Ја поздравувам одлуката за одржување на референдум на 30 септември за историскиот договор за името меѓу 🇲🇰 и 🇬🇷. ЕУ го поддржува договорот и неговата имплементација како симбол на помирувањето и добрите односи меѓу соседските односи во регионот”, напиша Хан на Твитер.

Цветанова беше министеrka за култура во владата на Љубчо Георгиевски и важи за една од најуспешните во тој ресор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top