| четврток, 6 декември 2018 |

Фејсбук вработува Македонец

Фејсбук на својот официјален сајт за вработување има објавено отворено работно место за Македонец.

Успешниот кандидат ќе работи со македонскиот пазарен тим за да ги разгледа содржините пријавени за потенцијални злоупотреби, да ги реши проблемите со корисничките сметка, да го подобри општото искуство за поддршка на македонскиот пазар, како и да ги реши тематските глобални проблеми.
Лицето ќе биде дел од тимот кој анализира податоци и ќе помогне Facebook да ги прошири операциите преку оптимизирање и автоматизирање на процесите, решавање на предизвикувачки проблеми и што е најважно, нивното превенирање.
Позицијата е со цело работно време.

Ако досега не сте го ускладиле своето работење согласно правилата на ФБ, време е да го сторите тоа. Ова подразбира низа технички адаптации, но и новинарски и етички пред се. За оние кои веќе ги следат правилата, ова нема да биде проблем.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top