Пејачката Ана Бекута својот наследник Игор Полиќ го родила како гимназијалка, на 17 години, по што ја прател тежок живот. По породувањето го оставила во дом за згрижување на деца, но и денес и е тешко да се присети на ова трауматично искуство.
Ана рано станала мајка, а млада поминувала низ тешки моменти, кои, за среќа, многу брзо успеала да ги преброди, а на својот син да му обезбеди безгрижно детство и нормален живот.
Синот на Ана Бекута проговори: „Не се лутам што мајка ми ме остави во дом“
Пејачката синот го родила во вонбрачна врска. Била одвоена од своето бебе, а околината ја осудувала. И нејзините родители се нашле на ѕидот на срамот, целото село ги оговарало, а тоа неа најмногу ја болело. Сметала дека тие не се криви за ништо.
- На седумнаесет години имав здрава и зрела одлука да родам дете, што и да се случи на овој свет. Бев малолетна, односите во семејството, селото, околината не беа сјајни. За да се смири целата ситуација го дадов Игор во дом. Остана таму осум месеци, јас одев секој десет дена да го видам и се враќав – раскажува таа.
- Откога се среди состојбата во семејството, на мое инсистирање родителите се согласија да дојдам со Игор дома, и го доведов. Беше мај, во септември наполнив 18 години. Игор секако стана миленик на семејството, а јас во седумнаесетата година созреав. Моминство не постоеше, го заменив со пелени и грижа за дете. Бев, што клинците денеска би рекле “неписмена”незрели двајцата и таа врска не резултираше со брак. Гимназијата ја напуштив после втора година, а со раѓање на Игор одлуката беше да се занимавам со музика”, раскажала своевремено Ана.
По цртите на лицето не е тешко да се забележи дека Игор многу личи на мајкаму, а таа не крие колку е горда на својот наследник. Ана исто така е доста врзана за својите внуци Соња и Бранко.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст