Референдумот околу Договорот за името ќе чини 3.5 милиони евра.
Средствата за референдумот ќе бидат покриени од државниот буџет, но ќе се прави прераспределба на средствата од министерствата.
Најголема прераспеделба на средствата ќе има во Министерство за финансии каде од ставката Разни трансфери ќе се одвојат 60.000.000 денари.
Службата за општи и заеднички работи на Владата на РМ, од ставката Други градежни објекти, ќе се издвојат 20.000.000 денари. Истата сума ќе биде прераспределена и од Министерство за транспорт и врски, со пари претходно наменети за Жичарата.
Министерство за труд и социјална политика ќе крати од трансфери наменети за минимална плата во висина од 10.000.000 денари.
Пари ќе бидат пренаменети и од средствата наменети за Големата концертна сала за Македонската филхармонија, во висина од 8.000.000 денари.
Од Министерство за здравство од потпрограма Изградба на ПЕТ Центар, од ставката во делот за Купување на опрема и машини ќе се намали за 10.000.000 денари.
Од Министерство за образование и наука од програмата за Преведување и печатење на стручна литература, од ставката Договорни услуги, ќе се пренаменат 5.000.000 денари, а исто толку ќе се намалат и средствата за договорни услуги за Проектот за превод на книги од реномирани автори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст