Дафина Стојаноска
– пратеничка
Шеќерот е премногу штетен по здравјето, а зајакот, кога – тогаш, ќе избега
Спомен бр. 1: Бев многу мала, но се сеќавам дека во мојот град почнаа да исчезнуваат деца. Кружеше приказна дека извесен возрасен човек ги намамувал децата со бонбончиња. Им раскажувал интересни приказни и така, земајќи ги за рака, ги носел во непознат правец. Јас во тоа време одев едно триесеттина минути пеш до моето училиште и моите родители постојано ме советуваа да бидам многу внимателна и никако да не разговарам со непознати лица. Најмногу од се’ ме плашеше приказната со бонбончињата. Толку ги сакав, а ми станаа премногу опасни. На крајот се утешив со тоа дека шеќерот е штетен по здравјето и дека ќе пробам да не го сакам.
Спомен бр. 2: Имав една малечка внука, која многу сакаше животинчиња. Едни наши пријатели и подарија див зајак. Толку се радуваше, што зајакот го зеде и за дома. Купија и кафез за зајакот. Го чуваа на балкон, во кафезот. Беше пресреќна. Еден ден, ми се јави на телефон, сета расплакана и тажна, за да ми соопшти дека зајакот избегал. Ја тешев со зборовите дека тоа е животинче кое сака да живее и да трча низ шумата и дека е подобро што избегало. Долго се сеќаваше на зајко и жалеше по него.
Наравоученија: Шеќерот е премногу штетен по здравјето, а зајакот, кога – тогаш, ќе избега.
Драги мои, во суровата наша денешница, во нашево секојдневие исполнето со разно – разни понуди и шпекулации, треба сите да се согласиме дека шеќерот, колку и да е убаво запакуван (бонбона, торта, колач), премногу е штетен по нашето здравје. А, зајакот, да, тој секако ќе избега. Првата можност за тоа, и тој ќе избега.
Сличноста на горенаведените мои спомени од детството и младоста со нашава реалност можеби и ја насетувате. Колку и да ни звучеа примамливи и реални ветувањата на сегашнава владеачка гарнитура дека се’ ќе биде во ред, дека ќе има живот за сите и дека, конечно, ќе има едно општество за сите, далеку сме од тоа. Ветувањата беа само добро запакувани, но далеку од тоа дека нашиот живот стана „шеќерен“ (благ). Што се однесува до човекот кој беше најгласен во овие изборни ветувања, после сите нереализации на ветеното, после сите скандали и криминали, не му преостанува ништо друго, освен да побегне.
Жалам што шеќерот и зајакот ги употребив за една лоша метафора, но исто така жалам и што државава ни ја водат само убаво запакувана (или не) „шеќерна“ дама и господин кој не ќе знае каде да бега.
После сите нивни марифетлуци и афери, на народот ќе му згорчи и ќе ги избрка. Дали од власт или од државава? – прашање е веќе само на време. Овој народ не заслужува вакво лидерство.
Народот е тој кој ја „отпакува“ бонбоната и виде што се крие во амбалажата. Народот е тој кој го насетува и бегството. А, бега само оној кој многу погрешил.
Времето неодминливо тече и запишува. Народот е тој кој сето ова будно го следи и ја чека првата шанса за одговор. Дали тоа ќе биде референдум или избори, народот го има последниот збор. Дали некој има време за корекција или веќе си ги подготвува куферите, останува да видиме…
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст