| четврток, 6 декември 2018 |

Летна салата за слабеење

Летото е идеално годишно доба за слабеење. Во текот на летото има голем број на зеленчуци кои се нудат на пазарот, па затоа сега е вистинско време да го искористите ова богатство од намирници.
Доколку сакате да изгубите неколку килограми, а притоа здраво да се храните и да не гладувате, испробајте ја оваа одлична летна салата.

Потребни состојки:
– 50 гр. киноа
– 1 парче пилешки гради
– 3 средни моркови
– неколку поголеми листови кељ
– неколку поголеми листови свежа зелка
– 1 свежа пиперка
– 4 лажички маслиново масло
– 4 лажички оцет
– 1 лажичка сенф
– сол и бибер
– шака пињоли или исецкани јаткасти плодови (ореви, лешници или бадеми)

Подготовка:

1. Киноата припремете ја според упатството, оставете ја да се излади и ставете ја во чинија во која ќе ја припремате салатата.
2. Парчето пилешки гради исецкајте го на парчиња и подгответе го на маслиново масло, на тивок оган. Кога ќе биде готово, додадете го во киноата.
3. На преостанатото масло, кратко пропржете ги морковите исецкани на тенки листови.
4. Исецкајте го кељот, зелката и свежата пиперка и додадете ги во останатите намирници.
5. Подгответе дресинг за салатата од масло, оцет, сенф, бибер и сол. Додадете ги кратко пропржените пињоли или шака исецкани јаткасти плодови, прелијте ја салатата и добро промешајте.
Совет: Месото можете да го замените со риба – добар избор се туната или лососот. Наместо киноа, можете да користите кус-кус.
Во салатата можете да додадете домати, свежа краставица, тиквичка, брокула или било кој друг сезонски зеленчук по избор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top