| четврток, 6 декември 2018 |

Принц Хари ja слуша баба Елизабета: Еве што и’ забранил на сопругата Меган

Откако војвотката Меган Маркл повеќе пати го прекршила кралскиот кодекс на облекување, Хари решил да ги земе работите во свои раце

Војводата и војвотката од Сасекс се подготвуваат за својот прв далечен кралски ангажман. Во октомври, принцот Хари и Меган Маркл ќе одат на турнеја во Австралија, Нов Зеланд и на околните острови во склоп на манифестацијата „Invictus Games“. По тој повод, посебно внимание се обрнува на однесувањето и облекувањето на Меган Маркл, која досега неколку пати ги прекршила кралските правила со својата гардероба.

Според странските медиуми, Меган планирала да спакува неколку одела од омилената дизајнерка Стела Мекартни, но нејзиниот сопруг Хари реагирал на тоа. Ја предупредил дека оделата не се соодветни за титулата што таа ја носи и дека не се во согласност со традицијата, до која најмногу се држи баба му, кралицата Елизабета.

Членките на кралското семејство би требало да носат фустани и здолништа, освен кога станува збор за спортски настани и кога не е присутна и самата кралица. Меѓутоа, изгледа дека досега Меган не ги почитувала овие строги правила, до кои се придржуваат сите останати членки.

Меган облекла панталони за време на неодамнешната дводневна посета на Ирска со својот принц.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top