| четврток, 6 декември 2018 |

Зекири обвинува: Поглаварот на ИВЗ наплаќал визи за Саудиска Арабија што ги добивал бесплатно од амбасадата (Видео)

Поглаварот на Исламската верска заедница, Сулејман Реџепи, за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ наплаќал 400 евра за визи за Саудиска Арабија кои тој ги вадел бесплатно, тврди пратеникот Мухамед Зекири за Макфак.мк

-Побарав од СЈО да види дали поглаварот на ИВЗ разговорал со тогашната власт. Како основа го земам извештајот на американскиот Стејт департмент кој се однесува на верските слободи од 2013 година во кој експлицитно се посочува дека тој бил близок со тогашната власт, која му овозможила конзуларни контакти со Саудиска Арабија, а визите што ги добивал ги наплаќал по 400 евра. Ова укажува на тоа дека поглаварот на ИВЗ, Сумејман Реџепи, ја злоупотребил службената должност, вели Зекири.

Пратеникот Зекири вели дека има многу луѓе кои ги потврдуваат неговите сомнежи бидејќи во Саудиска Арабија секоја година одат по стотици луѓе на кои им било наплаќано за виза од страна на Реџепи. Реџепи исто така вмешал прсти и во процесот за денационализација на имотот на ИВЗ.

-Спорно е и неговото враќање на чело на ИВЗ. Тој си се прогласи за доживотен поглавар иако тоа не е пракса во исламската вера, додава Зекири.

Иституциите ќе ја проверат работата на поглаварот Сулејман Реџепи, вели Мухамед Зекири, кој смета дека никој не смее да се крие зад својата позиција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top