Пратенциите од владејачкото мнозинство најавија дека претпладнево ќе ја достават иницијативата за распишување на референдумот за името до претседателот на Собранието, Талат Џафери.
Според информациите од пратеничката гурпа на СДСМ, нивните пратеници веќе ги собрале потписите за иницијативата за распишување референдум ,а на неа се потпишани и пратеници од ДУИ и од БЕСА.
Се чека да заврши координацијата на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, по што и ним ќе им биде понудена иницијативата. После оваа средба се очекува и официјално да биде соопштен ставот на опозициската партија во врска со референдумот и референдумското прашање.
Во Предлог-одлуката што ќе биде доставена до претседателот на Собранието е содржан датумот – 30 септември за одржување на референдумот и е содржано референдумското прашање кое, според информациите од СДСМ, е исто онакво какво што го предложи премиерот Заев и: Дали сте за членство во ЕУ и НАТО преку поддршка на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?
Во Собранието во 10 часот започна средбата на претсетадателот на Собранието со координаторите на пратеничките групи со исклучок на ВМРО-ДПМНЕ. Од оваа средба се очекува да произлезе информацијата во колку часот би можела да биде закажана седницата за распишување на референдумот. А за нешто подоцна, претпладнево е најавена и координација на пратеничката група на СДСМ, на која, како што посочија одредени пратеници, би можело да се очекува и присисуство на премиерот Зоран Заев.
Во Собранието веќе свечени изјави дадоа членовите на ДИК кои денеска ќе ги преземат своите функции. Тие треба да го организираат претстојниот есенски референдум за името.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст