| четврток, 6 декември 2018 |

Што сакаше да им порача Зекири на граѓаните кога им рече дека „немаат друга опција“?

Пратеникот од СДСМ, Мухамед Зекири, вели дека денес со или без ВМРО-ДПМНЕ ќе биде распишан референдумот, а потврди дека истиот ќе биде одржан на 30 септември.

-Македонија нема друга опција освен да го усвои овој договор и да биде членка на НАТО и ЕУ, изјави Зекири.

Што му значи на сопартиецот на Заев ова тврдење дека Македонија нема друга опција? Дали тој тврди дека ако Македонија не го усвои договорот, тогаш ќе ја снема државата?

Зекири, во функција на пратеник, им порачува на граѓаните дека немаат опција и дека мора да ги послушаат нив. Не објасни што ако граѓаните мислат поинаку од СДСМ и не се согласуваат да помине договорот кој македонската Влада го потпиша со Грција. Дали ќе ја нема Македонија ако не помине договорот?

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top