Поранешната олимписка шампионка во нордиско скијање, Вибеке Скофтеруд (39) била пронајдена мртва на островот Света Хелена на југот на Норвешка. Нејзиното исчезнување било пријавено во ноќта помеѓу саботата и неделата. Подоцна било пронајдено нејзиното тело. Според првичните информации таа настрадала возејќи скутер на вода (џет-ски).
– Добивме тажна вест за смртта на нашата Вибеке. Беше неверојатно скијачка и прекрасна личност. Ќе ни недостига – напишал претседателот на Скијачкиот сојуз на Норвешка, Ерик Росте.
Скофтеруд на Олимписките игри во Ванкувер, во 2010 година, освои златен медал како дел од норвешката штафета 4×5 километри. Во оваа иста дисциплина освоила златни медали на светските првенства во Оберсдорф во 2005 и Осло во 2011 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст