| четврток, 6 декември 2018 |

Скандалозен тендер во Министерството за одбрана – Шеќеринска нарачала торти и колачи од 3.700.000 денари!

По бадемите и оревите, виски и морски плодови, министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска, „откри“ дека била љубител и на благи работи. Министерството со кое раководи направило нарачка, од ни помалку ни повеќе – торти и колачи во вредност од неверојатни 3 милиони 700 илјади денари или околу 60 000 евра. Се работи за тендер за набавка на колачиња и торти кои треба да се поделат во МО, но и во неколку касарни низ земјата.

Шеќеринска е позната по бескрупулозното трошење на народни пари кога станува збор за нејзиниот комодитет, па така по стапувањето на функција првиот тендер на МО беше оној за набавка на морски плодови, а неколку дена подоцна и за апетисани (бадеми, ореви, лешници).

Извор: Инфомакс

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top