| четврток, 6 декември 2018 |

Британка починала на Крф по само еден залак живо пилешко

Здрава и физички одлично подготвена жена од Британија починала додека летувала на островот Крф по првиот залак од послужен специјалитет со живо пилешко месо.

Натали Роузли (37) била на одмор со сопругот Стјуарт и нејзините двајца мали синови кога таа починаа од труење, објавуваат англиските медиуми. Нејзината здравствена состојба нагло се влошила 36 часа по оброкот во хотелскиот ресторант.

Сопругот објави дека неговата осигурителна компанија му дала совет Натали да се лекува во општата болница на Крф, наместо да се враќаат во Харпенден, Хертс.

Истото семејство летувало на грчкиот остров лани, а пред трагедијата изминувала нивната втора недела од одморот.

Сопругот и синовите се одлучиле да вечераат колбаси и тестенини, додека Натали одбрала сосема друг оброк со пилешко, салата и ракчиња.

фактор.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top