| четврток, 6 декември 2018 |

Грабар-Китаровиќ: Песните на Оливер не следат од детството, неговиот глас не можеме да го заборавиме!

„Почитувано семејство Драгоевиќ, со длабоко жалење и тага ја примив веста за смртта на Оливер Драгоевиќ, музичар и единствен уметник на далматинскиот звук кој нас, тој глас не следи цел живот, не тешеше во нашата тага, не освежуваше во нашите љубови и ги развеселуваше нашите веселби и радости. Песните на Оливер не следат од детството и затоа неговиот глас не можеме да го заборавиме, бидејќи е испреплетен со најсреќни, најтажни моменти од нашите животи. Тој беше омилен низ цела Хрватска, а и пошироко“.

Ова го напишала претседателката на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ по повод смртта на популарниот пејач.

Во неговата родна Хрватска денеска голем број негови колеги, пријатели, познаници, познати личности се простуваат од Драгоевиќ, објавувајќи негови песни на социјалните мрежи или, пак, едноставно повторуваат дека ќе недостига неговата појава, глас и харизма.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top