| четврток, 6 декември 2018 |

Сообраќајка меѓу велосипедист и мопедист

Вчера во 22,40 часот на улицата “Сирма Војвода” во Охрид, се случила сообраќајна незгода помеѓу мопед со охридски регистерски таблици управуван од И.М.(35) од Охрид и велосипед управуван од 13 годишно дете од Охрид.

Во незгодата сo тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот кој бил пренесен во Општата болница во Охрид каде по укажаната лекарска помош бил задржан на понатамошно лекување. Велосипедистот се здобил со телесни повреди и бил пренесен во болницата “Свети Еразмо“-Охрид каде по укажаната лекарска помош бил пуштен на домашно лекување.

Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top