Триесет и осумгодишен маж вчера бил погоден од заталкан куршум во левото рамо додека го надгледувал пчеларникот во струшкото село Бороец.
Како што е наведено во полицискиот билтен, вчера во 15:50 часот во полиција било пријавено дека во атар на сео Бороец-струшко, А.Д.(38) надгледувајќи го пчеларникот, бил погоден од заталкан куршум во левото рамо. Тој бил пренесен во Медицинскиот центар во Струга каде му била укажана лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Струга.
Околу 15,50 часот, пак, истиот ден, додека скопјанецот Ж.Ј.(55) бил во неговиот дом забележал оштетување на кровот од заталкан куршум. Од страна на полициски службеници било излезено на местото на настанот и констатирано било дека станува збор за оштетување на кровот од огнено оружје н.н. калибар.
Од страна на увидна екипа од СВР-Скопје било извршено фотографирање и подигање на зрното.
Инцидент вечерта во 22,40 часот имало и во затворот „Скопје“ во населбата Шуто Оризари во делот на механичарската работилница на затворот, каде паднал проектил од непознато огнено оружје, кој прво удрил во профил на настрешница, а потоа се заглавил во седиште од возило кое било оставено надвор од возилото.
Повредени лица нема. Извршен бил увид на местото на настанот.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на трите случаи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст