| четврток, 6 декември 2018 |

Без струја утре повеќе делови на Скопје

Без електрична енергија утре во периодот од 08:30 до 15:00 часот, ќе останат дел од корисниците од населба Усје, дел од корисниците лоцирани во околината на Агрометал и Партисервиси Лео, како и објектот на Мерцедес Бенз во Усје, во општина Кисела Вода.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, без струја во периодот од 08:30 до 15:30 часот, ќе бидат и корисниците од улица 12 во село Горно Соње, во општина Сопиште.

Во периодот од 09:00 до 14:00 часот, без електрична енергија ќе бидат и трговските објекти пред влез на езеро Треска во село Сарај, во општина Сарај.

Без струја во периодот од 09:00 до 15:00 часот, ќе бидат и корисниците од улица Невеска бр.2 и бр.4, во општина Карпош.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top