Адвокатската комора на Србија им наложи на сите адвокати од утре да престанат со работа, во знак на протест поради убиството на познатиот адвокат Драгослав Миша Огњановиќ, кој вчера вечер беше застрелан пред влезот на неговата зграда во Белград. Во текот на својата кариера Огњановиќ (57) му бил адвокат на Лука Бојовиќ, водачот на „Земунскиот клан“, како и на Слободан Милошевиќ пред Хашкиот трибунал, и на неговата сопруга Мира Марковиќ.
– Сакаме да испратиме јасна порака на единството во професијата и цврсата решеност вакви случаи да не се толерираат, соопшти Адвокатската комора.
Според локалните медиуми, во нападот, кој е извршен пред влезот на зградата во која живее, бил повреден и неговиот 26-годишен син. Еден очевидец тврди дека по истрелите видел маж облечен во црно, со качкет на главата, како бега од местото на злосторството.
Комората понуди и парична награда за информации кои би помогнале во апсењето на убиецот на Огњановиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст