Унгарскиот премиер Виктор Орбан најави дека десничарските партии ќе имаат голем успех на претстојните избори за Европскиот парламент, што ќе придонесе за подем на христијанската демократија и за крај на либерализмот. Во своето обраќање до Унгарците од соседна Романија во Баиле Туснад, премиерот Орбан рече дека изборите во 2019 година ќе бидат клучни за иднината на Европа.
– Големата цел на западната ЕУ „елита“ е да ја трансформираат Европа, да не однесат во пост-христијанската ера, во ера во која нацијата исчезнува. Овој процес може да биде запрен на европските парламентарни избори. Во наш суштински интерес е да ја запреме оваа трансформација, изјави Орбан.
Унгарскиот премиер рече дека политичките групи кои се претставуваат под паролата „либерална демократија“ дејствуваат недемократски и не прифаќаат никакви спротивни гледишта. Орбан рече дека христијанската демократија за која што се залага тој не е либерална, туку е илиберална.
– Се соочуваме со еден голем момент, кога и велиме збогум не само на либералната демократија туку и на елитата од 1968 година, изјави Орбан, алудирајќи на поранешните студентски активисти кои сега се на водечки функции во Европа
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст