Лес Мунвс, директорот на една од најголемите американски телевизии Си-Би-Ес, е најновата жртва на скандалот со сексуално малтретирање потчинето вработени во САД. Ронан Фероу објави текст во неделникот Њујоркер во кој цитира поранешни вработени во Си-Би-Ес кои велат дека Мунвс (68) пред повеќе од 20 години недолично ги допирал и се обидувал да ги бакне без дозвола.
Телевизијата информираше дека сите обвинувања против Мунвс ќе бидат разгледани сериозно и дека ќе бидат преземени мерки, по нивното испитување. Фероу ја доби Пулицеровата награда за објавувањето на обвинувањата против Харви Вајнстин. Фероу е син на актерката Мија Фероу и Вуди Ален (иако актерката ја отвори можноста дека неговиот вистински татко е Френк Синатра) и е познат по тоа што бараше истрага против Вуди Ален за обвинувањата за малтретирање на неговата сестра Дилан Фероу.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст