| четврток, 6 декември 2018 |

Џамбо Милиќ за проблемот со тежината и раскинот со Вардар: Јас сум чудна сорта, имав и рекордни 170 килограми…

Српскиот голман, Страхиња Милиќ неочекувано ја прекина соработката со Вардар, а причината за тоа е неговиот проблем со килограмите.

Популарниот „Џамбо“ не успеа да си го исполни зборот и на подготовките се појави со прекумерната тежина, по што двете страни се договорија спогодбено да ја прекинат соработката која започна во 2012 година. Милиќ сега е во потрага по нова средина, а во меѓувреме отворено за „Новости“ проговори за проблемот со килограмите и крајот на приказната со „црвено-црните“.

-Договорот беше да ја намалам килажата, а не успеав во тоа. Тие сакаа да го променам договорот, ама јас не се согласив со тоа, -рече Србинот и додаде:

-Жените не се прашуваат за години, а мене за тежина. Стигнав до рекордни 170 килограми. Жал ми е, долги години сум тука, сите ги сакам. Мислам дека можеше се поинаку да заврши. Ама не успеавме да дојдеме до договор. Им беше чудно кога ме видоа, јас сум чудна сорта, -истакна Страхиња.

Извор: Дерби

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top