| четврток, 6 декември 2018 |

Уште една жртва на скопските кучиња-скитници

Шеесет и девегодишниот Д.Т. (69) среде ден бил нападнат од куче-скитник пред Трговскиот центар „Капитол“ во Аеродром. Нападот се случил во средата наутро околу 11 часот.

Д.Т. се движел по улицата кога кучето го искасало во пределотна десната потколеница. Настанот бил пријавен во ПС Аеродром.

Последнава година зачестија случаите на каснување од кучиња-скитници и тоа во речиси сите скопски населби. Пред три-четири месеци граѓани од некои скопски населби се жалеа дека не можат да излезат од своите домови од страв да не бидат нападнати од глутница кучиња кои покажуваат агресивност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top