| четврток, 6 декември 2018 |

Повеќе деца, повеќе среќа: Антонио Милошоски го чека четвртото дете!

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски по четврти пат ќе стане татко. Тој и сопругата Симона чекаат ќерка. Пред две недели, пратеникот ги почестил со благо своите колеги пратеници во Собранието, заради радосната вест и бременоста на неговата сопруга Симона. Антонио Милошоски за „Репортер“ потврдил дека по четврти пат ќе стане татко.

-Да, вистина е. Дома многу се радуваме што ни се случи посакуваната бременост. Давид, Дариа и Михаела ќе добијат уште една сестричка. Повеќе деца, повеќе среќа – рекол Милошоски.

Синот Давид има 10 години, помалата сестра Дариа 2 години, а засега најмалата, Михаела има 9 месеци. Третата ќерка Антонио и Симона ја очекуваат околу Нова година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top