Потресното писмо кое го објавија грчките медиуми го напиша очајна жена која во стаотниот пожар ги загубила двете малолетни деца и својот сопруг. Останала без 13-годишната Евита и 11-годишниот Андреас.
Името на мајката не е објавено, но медиумите објавија дека госпоѓа Фитро ги изгубила децата и 54-годишниот сопруг Григорис во пожар во атинскиот кварт Мати.
Фитро за време на страшните пожари не била дома. Таткото се обидел да избега од огнот со децата и истрчале до раб на провалија длабока 15 метри, и немале друг избор освен да скокнат.
Медиумите објавија дека Евита била јуниорска шампионка во велосипедизам и можела да стане нова спортска ѕвезда. Настапувала за славниот грчки клуб АЕК.
Грчкиот новинар и пријател на семејството Фитрос Бабис Папапанајоту прочита на телевизија дел од писмото на скршената мајка откако го изгубила своето семејство.
„Се обидувам да бидам како моето девојче, кое секогаш беше силно и тоа го докажуваше на многу начини. Знам дека Григорис дал сѐ од себе да ги спаси децата. Тоа што не успеал е Божја волја“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст