| четврток, 6 декември 2018 |

„Убивав зошто Бог ми кажа така“

„Убивав зошто Бог ми нареди“ им рекол Норберт Ферер , алијас Игор Вацлавиќ, во медиумите познат како „Игор Србинот“ кој во затворска ќелија во Шпанија чита религиски книги, Библија и не се одвојува од својата бронајница.

Тој се наоѓа во затворот во Сарагоза од декември минатата фодина, а при разговор со полицијата тој цитирал стихови од Библијата. Според локалните медиуми тој сака да се претстави како побожен човек, бидејќи смета дека тоа може да му помогне на судењето.

Тој се товари за убиство на сопственик на бар кој го убил во грабеж, како и чуварот на шумата, кој го убил 7 дена подоцна. Тој има три идентитети – српски, хрватски и италијански, од кој последните два се лажни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top