| четврток, 6 декември 2018 |

Го поздравил својот познаник, а овој го застрелал со воздушна пушка

Вчера во Секторот за внатрешни работи Скопје, С.Д. (56) пријавил дека истиот ден околу 15.30 часот на улицата “Лазар Поп Трајков“, додека го туркал својот моторцикл го поздравил Д.М. Овој пак влегол во зградата, а по кратко време излегол од неа и со воздушна пушка го застрелал С.Д. во пределот на десната потколеница.

С.Д. побарал лекарска помош во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“ каде од страна на лекар била костатирана телесна повреда и бил пуштен на домашно лекување. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top