| четврток, 6 декември 2018 |

Завршена аутопсијата на 86 загинати во пожарите во Грција

Заврешен е процесот на аутопсија на 86 тела на загинатите во пожарите во Грција, а паралелно во тек е и процесот на нивна идентификација, соопшти денеска раководителот на грчкиот Институт за судска медицина, Никос Каракукис.

dav

– Завршивме со истрагата на судската медицина за телата на починатите донесени во мртовечницата. Беа вкупно 86. Преостанува процесот на идентификација што го врши друга служба, изјави Каракукис.

dig

Во атинскиот Институт за судска медицина од рано утрово доаѓаат роднини на загинатите и исчезнатите. Некои за дополнителни примероци ДНК, други за да ги земат телата на веќе идентификуваните лица. Забележителна е и голема фреквенција на возила од погребални компании.

Институтот за судска медицина го посетија и експерти по генетика од Германија, кои неофицијално, според информациите од терен, им помагаат на нивните грчки колеги.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top