| четврток, 6 декември 2018 |

Старица измамена во Аеродром: Лажен банкар и рекол дека треба да и ги промени парите и ја ограбил

Вчера во Полициската станица Аеродром, В.К. (78) пријавила дека истиот ден околу 13.20 часот на булеварот “Јане Сандански“ од страна на непознато лице и била извршена измама за сума од 15.000 денари.

Имено откако оштетената излегла од банка и се приближило лицето кажувајќи и дека во банката и дале погрешни пари и требало да ги смени. Тој и кажал да му ги даде парите за да ги смени, по што ќе и ги врати, а таа да го почекала.

Оштетената му ги дала парите, по што тој го напуштил местото на настанот. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top