Очекувам успешен референдум и уште една зрела, мудра и прогресивна одлука на мнозинството граѓани.
Ова денеска го истакна македонскиотпремиер Зоран Заев по средбата со романската премиерка Виорика Данчила.
– Секоја земја пријател што ни помага на европскиот пат прави добро дело за граѓаните на Македонија. Овозможува економски развој на нашата земја од сиромаштијата во која тонеше, отвора перспективи за повисок стандард, за повисоки плати. Значајна е оваа средба оти Романија во 2019 година ќе претседава со ЕУ, во клучните месеци за Македонија. Тоа се месеците кога треба да ги завршиме реформите и да го заокружиме договорот со Грција. Очекувам успешен референдум и уште една зрела, мудра прогресивна одлука на големо мнозинство на наши граѓани која ќе го потврди патот кон ЕУ и НАТО, рече Заев денеска на прес-конференцијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст