| четврток, 6 декември 2018 |

Возете внимателно: Од недела привремен сообраќаен режим на „Илинденска“

На булеварот „Илинден“, на потегот од крстосницата со булеварот „8 Септември“ во насока на движење кон улица „МАНАПО“ во близина на трговскиот центар „Сити мол“, во недела ќе биде воведен привремен сообраќаен режим. Привремениот сообраќаен режим се воведува поради извршување градежни работи за изведување гасоводна мрежа. На терен ќе работат екипи на Акционерското друштво ГА-МА-Скопје.

– Апелираме сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни, да ја приспособат својата брзина на движење според условите на патот и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација, соопшти Град Скопје.

Привремениот сообраќаен режим ќе важи до завршување на градежните работи за изведба на гасоводната мрежа на овој дел од булеварот „Илинден“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top