| четврток, 6 декември 2018 |

Почина генерал Тодор Атанасовски

На 93 годишна возраст почина првоборецот и носител на партизанска споменица од 1941 година Тодор Атанасовски, генерал полковник во пензија, соопшти Генералштабот на Армијата на Република Македонија, кој изрази жалење и сочувство кон семејството.

Генералот Атанасовски ќе биде погребан со воени почести денеска на градските гробишта во „Бутел“ во 12 часот, а посмртните останки ќе бидат изложени во капелата во „Бутел“ од 11 часот.

Тодор Атанасовски бил борец и раководител на борбените партизански одреди за време на Народноoслободителната vојна, а во поствоениот период, бил редовно унапредуван во повисок чин, согласно неговите професионалнаи дејности и согласно неговите заслуги како припадник на воените структури во борбата против фашизмот во Втората светска војна.

Во текот на неговата воена кариера до неговото пензионирање во 1985 година, извршувал повеќе високи воени должности меѓу кои последните негови највисоки должности: началник на главниот штаб на Народна одбрана на СР. Македонија (1974 – 1982) и командант на Републички штаб за територијална одбрана на СР. Македонија (1982 – 1985).

Во пензионерските години генералот Тодор Атанасовски остана активен допринесувач во полето на одбраната како претседателот на Сојузот на борците на Македонијa.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top