| четврток, 6 декември 2018 |

Ѝ се крена фустанот: Меланија како Мерилин Монро (Фото)

Првата дама на САД, Меланиja Трамп, ја фати силен ветер додека се качуваше на воениот авион, а фоторепортерите побрзаа да го фотографираат тоа шт се случува.

Облечена во сиво-бел фустан таа замина за Нешвил, Тенеси, за да ја промовира својата кампања „Be best“. Но, додека се качуваше во воениот авион во базата на Мериленд, здолништето на Мелани полета.

Многумина го споредија ова со сцената кога Мерилин Монро го крена здолништето во филмот „Седум години верност“.

За време на нејзината посета на Тенеси, Меланија посети детска болница и поголемиот дел од времето помина разговарајќи со малите деца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top