Давањето свечени изјави на новоизбраните членови на Државната изборна комисија (ДИК) пред претседателот на Собранието на Република Македонија што беше закажано за денеска е одложено.
Во соопштението од собраниската прес-служба не е наведена причината за одлагањето. Привремениот шестмесечен состав на ДИК беше избран со 100 гласа „за“ експресно и без дискусија на 56. седница која се одржа во средата вечерта, по договорот што го постигнаа политичките партии и лидерите на средбата во понеделникот.
Претседател на ДИК е Оливер Дерковски предложен од ВМРО-ДПМНЕ, а Дитмире Шеху од ДУИ потпретседател. Елизабета Постоловска од ВМРО-ДПМНЕ, Јанакие Витановски, Борис Кондарко и Радица Ристеска од СДСМ, како и Енвер Салиу од Беса се членови на највисокото изборно тело во државата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст