| четврток, 6 декември 2018 |

Лажни модни агенти фотографирале девојки на плажа во Охрид, сликите завршиле на сајт за остварување контакти

Секторот за внатрешни работи Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против К.К(29) од Свети Николе и Н.Ц.(31) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “злоупотреба на лични податоци”.

-На 23 јули минатата година на плажа во Охрид, пријавените извршиле фотосесија на четири девојки од Охрид, откако претходно ги убедиле дека фотографиите се за модна агенција од Србија, од кои понатаму ќе се избирале манекенки, презентерки, фотомодели и ќе се снимале спотови. Пријавените, на четирите девојки им исплатиле по 600 денари, а потоа им ги фотографирале и личните документи, информираат од МВР.

Во текот на 2018 година, истите фотографии и лични податоци на четирите девојки од Охрид, без нивно знаење и нивна согласност, биле објавени на веб сајт, кој бил креиран за остварување контакти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top