| четврток, 6 декември 2018 |

Бермудскиот Хамилтон – најскапиот град на светот

Градот Хамилтон, релативно непознатата престолнина на Бермудите, е најскапиот град за живеење во светот, според листата на порталот „Нумбео“.

Според изворот, за споредба, трошоците за живот во Хамилтон се 20 отсто повисоки од оние во Њујорк. Затоа, пак, жителите на Хамилтон имаат и поголема куповна моќ – околу 14 отсто повисока од њујоршката.

Ова е четврти пат по ред Хамилтон да се најде на врвот на оваа листа од 2015 година, годинава пред швајцарските градови Цирих, Лозана и Женева.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top