| четврток, 6 декември 2018 |

Тетовец полово нападнал и со нож расекол 10 годишно девојче

Педесет и едно годишен жител на Тетово вчера пријавил дека околу 17 часот неговата 10-годишна ќерка, во близина на зградата во која живееле, била нападната од машко лице, кое и се доближило и со нож и нанело неколку исеченици, а откако напаѓачот бил удрен од девојчето, го напуштил местото на настанот.

-Ова лице, според кажувањето на девојчето, и пред два дена ја нападнало во домот, во кој незабележано влегло и ја допирало по телото. По преземени мерки во Полициската станица Тетово, приведен и задржан е М.Б.(33) од Тетово, кој се сомничи дека го нападнал девојчето и од кого е одземен еден ловечки нож со футрола, информираат од МВР.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top