| четврток, 6 декември 2018 |

Вучиќ: Сите Срби знаат дека Косово е изгубено

Српскиот претседател Александар Вучиќ, во изјава за хрватскиот неделник Глобус, вели дека сите Срби знаат оти Косово е изгубено, но дека тој ќе направи се што може за да го врати она што може да се врати.

– Сите Срби знаат дека го изгубиле Косово, но јас ќе направам се што можам за да се врати тоа што може да се врати, за на крајот да не испадне како целосен пораз или целосна загуба, вели Вучиќ во изјавата за Глобус.

Тој додава дека „сите го напаѓаат него, не бирајќи ни средства ни зборови, а всушност никој од тие што го напаѓаат не сака да се реши проблемот со Косово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top