Борбата против корупцијата е императив на оваа Влада и законот мора и ќе важи за сите но и судството мора да го смени менталниот склоп, рече премиерот Зоран Заев одговорајќи на пратеничко прашање на Владимир Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања.
-Единствена причина што влијае на лошиот тренд во борбата против корупцијата е политичката криза што траеше долго и затоа индексот на корупција е таков каков што е. Борбата против корупцијата е императив и стратешка цел на оваа Влада и законот мора и ќе важи за сите. Но и она што значи промена на менталниот склоп во правосудството со секојдневните нивни активности континуирано да ја испраќаат пораката дека законот ќе важи еднакво за сите. Никој не може да остане надвор од законот во делот на корупцијата. Апелирам до критички настроените медиуми да го следат овој простор а и јавноста да биде посветена на борбата против корупцијата, рече Заев прашан дали Владата мисли да направи нешто во борбата со корупцијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст