| четврток, 6 декември 2018 |

Фондот ја предложил да пишува проекти и ѝ дал грант

Фирмата „Стратум Рид ДООЕЛ Скопје“ , чијшто сопственик, Весна Кузмановиќ била предложена преку проект на УСАИД да им ги пишува предлог-проектите на фирмите до Фондот за иновации, добила грант откако претходно аплицирала на јавниот повик. Листата со олеснувачи е достапна на веб-страницата на Фондот за иновации, објави „Макфакс“.

Кузмановиќ за „Макфакс“  потврдила  дека заедно со уште десетици нејзини колеги била дел од листата олеснувачи за пишување проекти за учество на јавниот повик на Фондот. Ангажирањето консултант или финансиски фасилитатор не е задолжително и е бесплатно, па оттука Кузмановиќ не гледа дека постои какво било фаворизирање на нејзината фирма за добивање на грантот.

Таа не побарала да биде изземена од листата консултанти за проектите, а за „Макфакс“ потврди дека ја контактирале само 3 фирми неколку дена пред да истече рокот за аплицирање и, како што вели, ги одбила бидејќи сите компании што конкурирале претходно имале ангажирани консултанти.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top