| четврток, 6 декември 2018 |

Штрк на куќа е мир, петел пред врата значи гости: Народни верувања поврзани со животните

Секое животно во народното верување има свое значење. Освен црната мачка, бувот и штркот кои носат принови, еве неколку народни верувања кои можеби не сте ги знаеле.

Кога на патот ќе сретнете куче, работата ќе ја завршите успешно.

Ако слушнеш кукавица да кука, а имаш со себе пари, ќе ги имаш цела година. Ако ги немаш, таа година нема ни да стекнеш повеќе.

Ако гавранот или повеќе гаврани прелетаат над твојата глава, внимавај од несреќи.

Гласот на бувот наговестува болест. Ако седнала на твојот дом, некој ќе се разболи.

Кога ќе слушнеш штрк, ќе имаш штета во домот.

Оној кому гасеница ќе му падне ќе биде лут на своите блиски.

Ако сретнеш пругаст коњ, уште тој ден ќе видиш драго лице. Ако сретнеш бел коњ, ќе даваш пари.

Ако во домот внесуваш пердуви од паун, ќе дојде до штета и раздор во домот.

Пајакот ако го видите наутро значи несреќа и грижа, околу пладне значи дека лесно се ќе се реши, а навечер е среќа.

Кога пајакот на тебе ќе падне од воздухот, ќе добиеш радосни вести.

Глувците кои живеат во рудници и тунели не смеат да се убиваат. Со своето бегство наговестуваат несреќа.

Кога петел ќе кукурика пред влезните врати, значи гости.

Кога ластовичка ќе направи гнездо под кровот на куќата, во тој дом ќе влезе мир.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top