Давид Силва ќе ја напушти Премиер лигата во 2020 година, откри самиот фудбалер на Манчестер Сити. Во јуни истекува договорот на Шпанецот со „граѓаните“, и тој демонстрира решителност дека нема да продолжи со тимот.
– Кога ќе истече мојот договор со Сити, ќе имам 34 години. На овие години веројатно ќе сакам да правам нешто друго. Не знам што ќе правам, но нема да играм за друг тим во Англија. Имаме осум успешни години во кои игравме многу привлечен фудбал. Англиските фанови го сакаат овој тип на игра, па јас сум среќен тука, изјави Силва за „Скај Спорт“.
Во последните осум сезони во дресот на Сити, Силва постигна 61 погодок и направи 15 асистенции во 346 натпревари. Тој му помогна на Манчестер да освои три титули, еден ФА Куп и три Лига Купови од 2010 година досега.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст